fbpx

Владата на првата седница ги формираше работните тела и комисии

-

Владата на Република Македонија денеска ја одржа првата седница, на која премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика.

Заев на другите министри без ресори им делегираше задолженија. Роберт Поповски ќе биде задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми за дијаспората, Андан Ќахил, Зорица Апостоловска и Рамиз Мерко за странски инвестиции, Самка Ибраимовски за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, а Зоран Шапуриќ ќе работи на подготвување регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

За нов генерален секретар е назначен професорот Драги Рашковски.

На владината седница, како што се наведува во соопштението, се формирани и владините комисии за економски систем и тековна економска политика, за политички систем, за човечки ресурси и за одржлив развој, за именување, за станбени прашања и за приватизација.

Владата, исто така, го формираше и Управувачкиот комитет за координација и за управување во системот за управување со кризи, со кој ќе раководи министерот Оливер  Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...