МНР на Албанија: Сите да останат смирени и да престане антиалбанската реторика

-

„Министерството за надворешни работи на Албанија жали и го осудува нападот на Музејот на албанската азбука во Битола, кој се случува на овој важен ден за албанскиот јазик и за Албанците“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Албанија, а јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Оттаму бараат македонските власти да го истражат овој вандалски чин што поскоро и да ги казнат сторителите.

– Нападот врз Музејот е доказ дека е потребна поефикасна заштита од страна на надлежните органи на заедничкото наследство – се вели во реакцијата на МНР на Албанија.

Албанското МНР ги повикува сите страни да останат смирени и да престане антиалбанската реторика.

– Ги повикуваме сите страни да останат смирени и да престане реториката против Албанците, која има цел само да го оттргне вниманието од вистинските проблеми на земјата, им штети на меѓуетничките односи во земјата и на нејзиниот евроатлантски пат – се додава во реакцијата на МНР на Албанија.

Отатму велат дека „веруваат дека овие напади се дела на една мала група луѓе, водени од екстремните националистички чувства, страв, недостиг на информации и штетна реторика во последниве неколку години“.

– Би сакале да нагласиме дека историјата, традицијата, јазикот и културата на Албанците се додадена вредност за нашите соседи во Македонија и дека нивната заштита покажува високи демократски и човекови вредности. Албанија и Албанците биле и ќе продолжат да бидат постојани пријатели на Македонија. Ние веруваме во вредностите на соживот, хармонија и на соработка меѓу нашите земји и граѓани – се додава во реакцијата.

Не е точно дека Зеленски трипати барал покана за инаугурацијата на Трамп и бил одбиван

Лажна вест јавува дека Зеленски трипати барал покана за инаугурацијата на Трамп и дека бил одбиван, а тоа се раширило преку еден скриншот, наводно од објава на Доналд Трамп Помладиот, која...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот...

Не е точно дека Зеленски трипати барал покана за инаугурацијата на Трамп и бил одбиван

Лажна вест јавува дека Зеленски трипати барал покана за инаугурацијата на Трамп и дека бил одбиван, а тоа се раширило преку еден скриншот, наводно од објава на Доналд Трамп...