fbpx

Многу е важно договорот да се спроведе, смета Груевски

-

„Добро е што вчера се дојде до договор меѓу политичките партии. Тоа, пред сè, е добро за државата за што е можно побргу да има избори и да се стави крај на политичката криза во Република Македонија предизвикана од опозицијата“, оцени денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој се надева дека, како што рече, овојпат опозицијата нема да бара повторно алиби за нови одложувања или бојкотирања на изборите.

– Знаеме дека СДСМ има богата историја на одбегнување избори и на барање алиби за бојкотирање избори. Затоа е многу важно вчерашниот договор да се спроведе и да се имплементира, за да немаме повторно обиди на опозицијата во фаза на имплементација да одбегне нешто или да пролонгира. Се надевам дека овојпат ќе изиграат чесно и дека навремено ќе се спроведе сè што е договорено за да може оваа година да се одржат избори и да му се даде можност на народот да си го каже своето мислење – рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, време е народот да се изјасни чија политика и која гарнитура ја поддржува.

– Сега е време да се даде повторно можност на народот да каже која политика ја поддржува и кој начин на работење го поддржува, односно која политичка партија ја поддржува и која политичка гарнитура. Нè слушнаа нас, нè видоа нас, ги слушнаа нив, ги имаат добро видено и нив, така што време е да се даде можност народот да одбере по завршување на политичката криза како Македонија да се движи во наредните четири години – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...