fbpx

Мицкоски: Дијалогот треба да се води на принципиелни основи

-

Европската Унија и НАТО мора да станат достижни цели, а членството таму е резултат на макотрпна работа, а не на протоколарни состаноци и опасни импровизации, истакна лидерот најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во своето новогодишно обраќање. Тој порача дека е потребен политички дијалог на принципиелни основи за да се обезбеди подобар живот за граѓаните.

– Дијалогот е двостран процес. За него е неопходно разбирање и поддршка базирана на принципиелни основи. Секако дека има работи за кои како партија ќе оцениме дека вреди да се поддржат и за кои сме убедени дека се од интерес за граѓаните. За да има дијалог, мора да има слобода за искажување на критичката мисла. За да има слобода, мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата. Прогонот раѓа и желба за одмазда, а тоа е бумеранг кој се враќа. Владеењето со страв е еднонасочна улица. Ние не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот – порача Мицкоски.

Тој во своето обраќање истакна дека граѓаните имаат изневерени очекувања, дека клучните владини ветувања за подобар живот не се исполнуваат и има општествен, економски и политички застој.

– Македонија може и мора подобро. Македонија мора да оди напред. Следете ме и оваа Нова година ќе биде година на нова надеж, и година кога граѓаните ќе ја препознаат вистинската енергија која може да направи подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи и внатрешни промени. И ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано – порача Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...