fbpx

Мисовски: Одлуката за референдумот ќе биде распишана во сабота

-

Потпретседателот на Собранието и пратеник од НСДП, Горан Мисовски, денеска изјави дека е постигната согласност меѓу власта и опозицијата за составот на ДИК и законските решенија што беа договорени на лидерската средба, и оти тие најверојатно во сабота ќе бидат донесени на собраниска седница на која ќе биде распишана и одлуката за референдумот.

– Не очекуваат клучни моменти за иднината на Република Македонија. Имаме усогласени предлози. Дајте да ја избереме ДИК, да ги донесеме тие три закони за кои веќе имаме согласност дека координаторите ги потпишале, да ги ставиме во процедура и да го утврдиме референдумското прашање – рече Мисовски на седницата на Комисијата за надворешни работи во делот на процедуралните дискусии.

Тој посочи дека потоа секој ќе може да ја води кампањата за референдумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...