fbpx

Милошоски: Заев сака да направи паралелно собрание и да изврши државен удар

-

Заев од денеска понатаму е единствениот и прв кој повикал јавно да се урне собранискиот и уставниот поредок и да се изврши државен удар со паралелно собрание и со паралелен претседател на законодавниот дом, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на прес-конференција во Собранието, одржана веднаш по таа на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која тој порача дека е време парламентарното мнозинство да си ја преземе одговорноста.

– Заев е подготвен да ги замолчи пратениците за тој што молчеше во Собранието да го избере за претседател. Заев денеска без трошка чувство за државност и разум повикува да се формираат параинституции и со тоа ги девалвира Собранието, Уставот, законите и демократијата. Тоа е повик за тензии, за конфликт и за државен удар. Таквиот повик за конфликт може да предизвика голема штета и долгорочни последици за стабилноста во Македонија – рече Милошоски.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, начинот на дејствување на Заев е „дејствување на политички очајник кој во кризата ја гледа својата последна политичка шанса“.

Милошоски нагласи дека претседател на Собранието може да се избере само во Собранието и на ниедно друго место, а дека секој друг обид за избор на претседател е создавање паралелни институции.

– Народот нема да седи мирно и да гледа некој како ги суспендира демократијата и институциите во државата. Народот е на нозе. Македонија се буди. Ако смета Заев дека СДСМ ќе добие 70 пратеници на брзи парламентарни избори, не гледам причина зошто не се согласува на избори – додаде Милошоски.

Во однос на мандатот на СЈО, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на тоа што е договорено со ДУИ, ДПА и со СДСМ иако рече дека СЈО во последно време е претворено во испостава на политичка партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...