fbpx

Милош Земан в четврток во посета на Македонија

-

Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе ја посети Македонија и ќе биде примен од неговиот колега, Ѓорѓе Иванов.

Според најавите, една од темите на кои ќе разговараат двајцата претседатели ќе биде миграциската криза. Македонија, како што е познато, е дел од балканската рута на мигрантите од Африка и од Азија на нивниот пат кон земјите на Европската Унија. Чешка во екот на кризата испрати неколку десетици полицајци како помош за Македонија на границата со Грција.

„По средбата, Земан би требало да добие македонско државно одликување, а Иванов, за возврат, чешко одликување нема да добие“, изјави портпаролот на шефот на чешката држава Јиржи Овчачек, а пренесе чешката новинска агенција ЧТК.

Милош Земан при посетата на Македонија, ќе присуствува и на чешко-македонскиот бизнис-семинар и ќе го посети манастирот „Св. Наум“ во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...