fbpx

Мицкоски на средбата со Лајен отишол со фотографии од злосторства од Втората светска војна и сомнеж за предлогот

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по попладневната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ги искажал сомнежите кои ги има неговата партија кон европскиот предлог за почетокот на преговорите на земјава со ЕУ.

Мицкоски рече дека на средбата биле презентирани три позиции на ВМРО-ДПМНЕ, при што првата била за дилемата за член 11 од документот наречен EU Common Position, каде стои дека земјава нема да ги почне преговорите додека не биде променет Уставот.

„Ние според овој документ читаме дека почетокот на преговорите ќе биде откако ќе биде променет Уставот или, да бидам попрецизен, мал дел од бугарскиот народ, 750 семејства според последниот каков-таков попис да бидат дел од Преамбулата и нормативниот дел на македонскиот Устав“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека втората дилема им е за членот 14 од истиот документ, за кој Мицкоски вели деновиве ќе биде потпишан документ којшто се нарекува Протокол, а во тој документ ќе се зборува за Средниот век, за 18. или 19. век, чиј бил Гоце, чиј бил Даме, чие било Илинденско востание.

„Тука јасно стои дека се потребни годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација на договореното според член 12 од Договорот за добрососедство, а поврзани со Протоколот, кој никој жив во Македонија не го видел, што значи дека не е точно дека нема да зборуваме за историја“, вели Мицкоски.

Нивната трета дилема е воведната изјава, членот 3 од предлогот, каде што јасно стои дека преговарачката рамка ќе биде преведена на македонски јазик, но бугарската страна ќе даде еднострана изјава со тоа како таа го гледа македонскиот јазик.

„Така што дека ние имаме чист македонски јазик, односно дека имаме јазик чист кој што буквално ќе биде дел од преговарачката рамка и од документите на Европската унија, е голема лага“, изјави денеска Мицкоски.

Тој додаде дека на средбата со Фон Дер Лајен презентирал фотографии и документи од убиствата на младите во Ваташа, херојот Вера Циривири Трена и депортацијата на Евреите направени од бугарскиот фашистички окупатор.

Наспроти денешните изјави на Христијан Мицкоски, по говорот на Фон Дер Лајен во Собранието на РСМ од владејачката партија СДСМ излегоа со соопштение во кое велат дека претседателката на Европската комисија ги разбила сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев.

Од владејачката партија велат дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание „денеска ги потврди фактите за кои СДСМ, демократската и целата проевропска јавност ги говорат“.

„Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат“, велат од СДСМ по говорот на Фон дер Лајен во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист...