fbpx

Мицкоски бара претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум

Тој ја повика власта на консензус околу единствен датум за одржување на претседателските и парламентарните избори

-

ВМРО-ДПМНЕ бара вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат на ист датум. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека единствен ваков датум би можело да биде неделата на 5 мај, а поради тоа што на тој датум се паѓа Велигден, неговиот предлог е изборите да се одржат на 8 мај (среда).

„Во минатото сме имале пракса, така беше на последните избори 15 јули 2020 година, да и во среда имаме избори и затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните, би имало 72 часа рокови за жалби, за одлуки и така натаму и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде веќе инаугуриран. Ова е логиката“, изјави Христијан Мицкоски.

Тој ја повика власта на консензус околу единствен датум за одржување на претседателските и парламентарните избори. Мицкоски ги повика другите политички партии да се договорат околу датумот, дополнувајќи дека не е расположен најпрво да се одржат претседателски, а потоа парламентарни избори.

„Што ќе одлучи овој еден месец да трошиме милиони народни пари, има ли логика, има ли разум, има ли некој таму кој што размислува нормално? И затоа велиме еве опција нека биде среда, да седнеме, да се договориме, да разгледуваме, да видиме дали од другата страна постои некое логично размислување здраворазумско и да ја дефинираме целата постапка“, изјави Мицкоски.

Од владејачката партија СДСМ засега нема реакции за ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарните избори да се одржат во ист ден со вториот круг на претседателските избори. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена порача дека е согласен да се формира работна група, во која ќе има претставници на сите партии за да се дискутира по ова прашање.

Околу ова прашање треба допрва да се договорат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а во спротивно ако нема консензус, тогаш претседателските избори треба да се одржат најпрво пролетта, по што во летниот период би следеле парламентарните избори.

Собранискиот спикер Талат Џафери пред неколку дена изјави дека најраниот рок за одржување на парламентарните избори е 5 мај, додека претседателските избори најрано може да се одржат на 14 март. Единствен можен рок за одржување на заеднички избори е периодот од 5 до 8 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...