fbpx

„Мета“ дојде до законот за владините реклами предложен од ВМРО-ДПМНЕ

-

Поделба на времето за преставување на партиите во информативниот дел на МРТ (вести) во согласност со бројот на освоени пратеници на последните парламентарни избори и 10 проценти од времето да се одвои за малите и за вонпарламентарните партии, како системско решение (германски, словенски модел), се дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за медиуми.

„Мета“ дојде до документите предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Во нацрт-предлозите, владејачката партија предлага 100 дена пред редовни парламентарни избори, опозицијата да постави дополнителен уредник во МРТ за контрола на спроведувањето на одредбите што се однесуваат на МРТ, предвидени со изборниот законик, за време на изборите. Ова не смее да ја загрози независноста на МРТ, ниту смее да го загрози принципот на поделба на времето (германски, словенски модел).

Целиот документ е тука.

Во нацрт-верзијата на Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции во членот 28 стои:

„Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на функционерот кој раководи со јавната институција ако:

– Спроведе јавно финансирана информативна кампања без добиено одобрение, спротивно на член 8, став (3) од овој закон;

– Склучи договор со секој поединечен медиум на износ различен од утврдениот за поединечниот медиум во предлог-планот за закуп на медиуми, спротивно на член 25, став (2) од овој закон.

Целиот предлог-закон е тука.

Овој предлог-закон денеска остро беше критикуван од Здружените на новинари на Македонија. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите. Со законот се прави упад во мисијата, финансирањето и во уредувачката политика на медиумите.

– Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД категорично да го отфрлат ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте како системско решение што создава услов за слободни медиуми – изјави Селмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...