fbpx

Меркел: Рано е да се зборува за укинување на санкциите кон Русија

-

Сè уште е рано да се зборува за укинување на западните санкции кон Русија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на маргините од средбата на самитот на Г-7 во Јапонија.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека одлука за санкциите кон Русија ќе биде донесена во следните две-три недели без големи разгледувања.

Претходно, шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер изјави оти смета дека се потешко ќе се постигне договор за продолжување на санкциите кон Русија, кои истекуваат на 31 јули, поради се поголемиот отпор меѓу членките на ЕУ. Тој рече дека официјален Берлин сака санкциите да останат на сила се додека не се имплементира мировниот договор од Минск и оти не може да се игнорира „руската анексија на Крим, која е во спротивност со меѓународното право и ја дестабилизира источна Украина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...