fbpx

Меркел: Постои опасност од вооружени судири на Балканот

-

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, каде што поминуваат најголем дел од бегалците, во случај Германија да ја затвори границата со Австрија.

– Тензии во земјите на Западен Балкан веќе има и не сакаме да дојде до воени судири – изјавила Меркел на собирот на Христијанско-демократската унија во Дармштат, а пренесуваат германските медиуми.

Стручњаците предупредуваат дека ако Германија, како главна дестинација на бегалците, ги затвори границите, истото ќе го сторат и земјите на Балканот, преку кои поминуваат најголем број мигранти и бегалци.

ЕУ објави дека кон крајот на октомври, во Грција и на Балканот ќе бидат воспоставени 100.000 прифатилишта, за да се сопре најголемата мигрантска криза досега.

Прашањето за бегалците предизвикува раздор во Германија меѓу владејачката коалиција на конзервативците и социјалдемократите, кои на состанокот во неделата не успеаја да постигнат договор, бидејќи дел од конзервативците побараа Германија во 2015 година да прифати помалку од очекуваните еден милион бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...