fbpx

Матурантите бараат уписи на факултет со училишна матура

-

Педесетина завршени средношколци од Штип со положена училишна матура, преку петиција бараат од Министерството за образование и наука (МОН) да им овозможи упис на некој од македонските факултети. На собирот пред уписните пунктови на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, матурантите го искажаа својот револт од тоа што не им се прифаќаат пријавите. Матурантите тврдат дека не биле навреме информирани за новите законски измени, во кои стои дека за да се запишат на факултет треба да имаат положено државна матура.

– Сметаме дека праксата од минатите години треба да важи и оваа година, бидејќи навреме не бевме информирани. Ние се согласуваме со законот, но ненавремената информираност нè попречи да полагаме државна матура. Бараме Министерството да ни овозможи уште оваа година да се запишеме по стариот закон, бидејќи една година чекање додека да положиме државна матура за нас е многу – изјави Петар Тодев.

Овие завршени средношколци добија поддршка од сопствениците на неколкуте приватни студентски домови од Штип, кои инвестираа во сместувачки капацитети. Стравуваат дека нивните капацитети ќе останат празни.

– Тоа е голем проблем за нас. Утре ќе бараме средба во Министерството за образование, да им образложиме во каква ситуација се наоѓаме и да бараме да се најде некакво решение – изјави Донче Ѓеорѓиев, сопственик на студентски дом.   

Универзитетите се децидни дека не може да се запишуваат нови студенти со училишна матура, бидејќи едноставно тоа не е дозволено со закон. На потег е МОН, кој се судира со притисок од завршените средношколци и нивните родители, но и од сопствениците на студентските домови како и од останатите услужни фирми, кои остануваат со помалку работа.

На само неколку дена пред уписите на факултет, универзитетите со допис од МОН биле информирани дека нема да може да запишуваат студенти со училишна матура откако во сила стапија новите законски измени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...