fbpx

Манипулација со снимка од присилна мобилизација во Украина

Објавата што ја рецензираме создава впечаток дека мобилизацијата во Украина е непопуларна, а во Русија е обратно, но околу милион Руси ја напуштија својата земја токму заради мобилизацијата, а руското МВР регистрирало 220 напади (главно со молотови коктели) врз регрутните центри низ Русија

-

Клип на Фејсбук прикажува тепачка, наводно меѓу граѓани на Украина и нејзината регрутна служба, која врши нивна присилна мобилизација, а сцената е опишана како борба „против режимот на Зеленски“,  иако тоа не е поткрепено со извор и ние не знаеме што точно се случува во клипот. Лицето кое го објавило се прашува зошто такви клипови нема и од Русија, создавајќи впечаток дека таму нема присилна мобилизација. Но, неа во Русија и тоа како ја има, само оној кој ќе ја прикаже може да заврши в затвор за „лажни вести за вооружените сили“ или за нивна „дискредитација“ по чл. 207.3 и 280.3 од Кривичниот законик, врз основа на кои политичарот Илја Јашин доби 8,6 години затвор за стрим на Јутјуб, во кој ја критикуваше агресијата врз Украина. Таквите можат да бидат дури и убиени, како неговиот колега Борис Њемцов или новинарката Ана Политковскаја, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук е вметнат клип опишан со следниве зборови:

Зошто има толку многу видеа од присилна мобилизација од Украина, но не се сеќавам дека некогаш сум видел едно од Русија? Хм?

Клипот прикажува тепачка, наводно меѓу граѓани на Украина и нејзината регрутна служба, која врши нивна присилна мобилизација, а авторот на објавата се прашува зошто такви клипови нема и од Русија, создавајќи со тоа лажен впечаток дека таму нема присилна мобилизација. Но, неа во Русија и тоа како ја има, а прост пример за тоа е следниот клип.

Присилна мобилизација во стоковната куќа Митински радиопазар, Москва, 14.10.2022 г.

Такви клипови од Русија очигледно има, но тие се ретки, затоа што оној кој ќе ги објави ризикува затвор за „ширење на лажни вести за вооружените сили“ или за нивна „дискредитација“ по чл. 207.3 и 280.3 од Кривичниот законик. На таа основа беше осуден политичарот Илја Јашин (8,6 години затвор), затоа што во својот стрим на Јутјуб ја критикуваше агресијата врз Украина, а таквите како него можат да бидат дури и убиени, како на пример неговиот колега Борис Њемцов или новинарката Ана Политковскаја.

Треба да се има предвид и дека рускиот претседател Владимир Путин доста ангажираше платеници, како оние од паравојската Вагнер или затвореници со ветувања за амнестија, па може и тоа е објаснување зошто од Русија нема толку многу снимки од присилна мобилизација.

Но, во Русија неа и тоа како ја имаАндреј Лебедев (23) од Чељабинск го собрале од предавања на Московскиот државен универзитет, иако студентите и болните не се мобилизираат, а Лебедев спаѓа и во обете групи. Иван Сердјуков (21) и Владислав Кузнецов (22) од Волгоград работеле во Москва и биле собрани од сместувањето кое им го дала фирмата. Даниил Панов (25) од Москва бил собран по пат накај работа, а Кримскиот Татар Мамут Усеинов (26), кој се прослави како финалист на едно талент шоу, го собрале од молитва во џамија. Регрутите ги „ловат“ по метроа, фирми, кафулиња итн.

На овие екцеси на власта се жалат дури и нејзините поддржувачи, но тоа ним им се простува, затоа што, нели, тие не се против неа, ниту против војната, туку тие само бараат мобилизацијата да се врши прописно, да не се чепкаат изземените категории и сл.

Објавата што ја рецензираме создава впечаток дека мобилизацијата во Украина е непопуларна, а во Русија е обратно, но околу милион Руси ја напуштија својата земја токму заради мобилизацијата, а руското МВР регистрирало 220 напади (главно со молотови коктели) врз регрутните центри низ Русија.

За клипот вметнат во објавата, нејзиниот автор го вели и следново:

Народот се  во Укр. се бори со голи раце, против режимот на Зеленски, за не испраќање на војни регрути.

Ова не е поткрепено со извор, а дури и тоа да е реална тепачка меѓу граѓани и регрутери, нема доказ дека тоа бил бунт против Зеленски, а можеби просто проработел нагонот за преживување на мобилизираниот без некоја политичка заднина, но ова е само нагаѓање.

Она што со сигурност го знаеме е следново. Украина признава дека во нејзината регрутна служба има екцеси, а претседателот Зеленски ги осуди и за нив се спроведуваат истраги и апсења (позначајни примери: тука и тука). Тие екцеси доведуваат и до тепачки, но руските дезинформатори тоа го преувеличуваат и дури снимаат лажни клипови со таква тематика на окупираните територии во Украина за тоа да делува поавтентично. Некои тврдат дека клипот што сега го рецензираме е реален и дека е снимен во с. Усивка во Киевската Област на Украина, но претходно наведеното нè прави скептични околу тоа.

Како и да е, Украина признава дека не е идеална (а земја која 10 години е во војна не може да биде идеална), но таа е, сепак, демократска и во неа отворено се говори за проблемите, дури иако воената состојба, која е таму прогласена, подразбира одредени ограничувања на слободите. Украина е жртва на агресија, па како и секоја држава таа мора да се брани, а тоа што граѓаните изразуваат незадоволство од тоа како се спроведува мобилизацијата, не значи дека тие не се за одбрана на нивната земја.

Русија, пак, нема објавено војна, ниту воена состојба, но секако ги ограничува правата на граѓаните и нема оправдание за својата мобилизација, која е чисто за агресивна војна, а водење на таква војна е забрането дури и со руските закони (чл. 353). Значи, не Зеленски, туку Путин е шампион во самоволието, но во Русија за тоа не смее да се говори. И уште Русија присилно мобилизира луѓе од окупираните територии, што е воено злосторство.

Објавата што ја рецензиравме ги премолчува овие факти, па јавноста не добива целосна слика за настанот. Затоа оценуваме дека објавата страда од недостаток на контекст.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над 1000 починати аџии поради високите температури во Мека

Повеќе од 1.000 аџии загинале за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури, пишува Асошиејтед Прес. Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија...