fbpx

Камерите кои треба да ловат сообраќајни прекршоци не се во функција

Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат

-

Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која на бомбастичен начин известува дека камерите во Скопје за само два часа уловиле 5.000 сообраќајни прекршоци и ги предупредува следбениците да внимаваат како возат.

ВНИМАВАЈТЕ! Камерите во Скопје за само два часа уловиле 5.000 сообраќајни прекршоци, стои во објавата.

На прв поглед кога ќе прочитате ваков наслов помислувате дека камерите кои изминатите месеци се поставуваат по скопските сообраќајници почнале да работат, односно се ставени во функција да снимаат сообраќајни прекршоци. Уште на некого кога ќе му кажете да внимава, тоа е повеќе од јасно дека сакате да му посочите да вози внимателно за да не заработи казна, односно да не биде уловен на камера.

Од коментарите под објавата може да се види дека оние кои ја прочитале објавата сфатиле дека камерите веќе се ставени во функција.

Но, тоа не е така. Камерите во Скопје не се пуштени во функција и тие не снимаат сообраќајни прекршоци. Залудно се крева паника и се алармира луѓето да внимаваат. Се разбира, секој треба да ги почитува сообраќајните правила и прописи, но објавата манипулира дека камерите почнале да работат.

Од преку 200 коментари под објавата наидовме само на неколкумина кои се информирани дека камерите сè уште не се пуштени во функција.

Ај не трескај глупости, камерите ќе бидат во функција после 2025. Камерите се уште не смеат да снимаат и не работат, законот не е сменет, се дел од ретките коментари на граѓаните кои се информирани дека камерите сè уште не работат.

Дека тоа е така потврдува и написот којшто го споделува објавата што ја анализираме. Од написот станува јасно дека камерите биле тестирани и за време на тестирањето биле уловени 5.000 сообраќајни прекршоци, иако и за тоа не постои официјално наведена изјава или соопштение.

Написот посочува дека законот треба да ја заврши потребната собраниска процедура, а дури потоа ќе се одлучува што и како ќе се казнува.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци, наведува написот.

Вистиномер побара информација од МВР од каде ни нагласија дека камерите сè уште не се во функција.

Ве известуваме дека во континуитет се врши надградба на системот „Безбеден град“. Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град”, кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност, а откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите сѐ уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект јавноста соодветно ќе биде известена, изјавија од МВР за Вистиномер.

Значи, може да заклучиме дека камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата којашто ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот. Поради сето ова оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...