fbpx

Манчевски: Владата на фантомско здружение донирала деловен простор на Рекорд

-

Владата на Никола Груевски, на 17 февруари 2015 година, донела одлука за давање на трајно користење на деловен простор на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, обвини Дамјан Манчевски, советник на СДСМ во Град Скопје.

Тој вели дека станува збор за лусксузен деловен простор кај „Рекорд“.

Службен весник-земјиште-здружение

– Се работи за фантомското здружение кое на Градот Скопје му донираше пет скапи споменици, иако за три години имало прилив од вкупно 45.000 евра. Здружението го води Ташко Јованов, кој повеќе од седум месеци е недостапен за јавноста да одговори колку вредат спомениците, од каде нашол пари да ги плати и кои се нивните автори. Ташко Јованов е недостапен за јавноста, ама достапен е за Никола Груевски. Достапен е да се појавува на трибините на т.н. Граѓанско движење за одбрана на Македонија. Еве сега гледаме дека бил достапен за Никола Груевски и за да му даде луксузен деловен простор, во центарот на Скопје, без никаков надомест, за трајно користење – вели Манчевски.

Манчевски додаде дека со оваа одлука Груевски го признава она што цело време го зборуваат од опозициската партија, дека тој лично стои зад донацијата на спомениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...