fbpx

Манчевски: Државата го рекетира инвеститорот на Шпанските скали

-

„На 39. седница на Советот на Град Скопје, во февруари 2015 година, владејачкото мнозинство донесе одлука за ослободување на инвеститорот „Амаедус груп“ од плаќање комуналии за барокна зграда на плоштадот Македонија во вредност од 150.000 евра. Уште тогаш предупредувавме дека се работи за државен рекет, односно дека многу бргу од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето со градба на Шпански скали на негова сметка“, обвини денеска Дамјан Манчевски, член на советничката група на СДСМ.

– Денес сме сведоци токму на тоа. На инвеститорот, наводно, одеднаш му текнало и решил од сопствени средства да ги изгради Шпанските скали. Да немаме никакви дилеми, ова му текнало на криминалецот Никола Груевски. Личи на него и проѕирно е како него. Ова е само продолжение на расипништвото со раскош и со луксуз, спроти реалните потреби на граѓаните на Скопје. Ова е продолжение на газењето на волјата на граѓаните, особено на граѓаните на Центар – вели Манчевски.

Од советничката група на опозицијата велат дека наместо да се сликаат со основни проекти кои требало одамна да бидат завршени, Никола Груевски и Коце Трајановски треба да кажат колку училишта, градинки, болници, патишта не се изградени и колку луѓе не се пратени на операција во странство поради „Скопје 2014“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...