fbpx

Книжевниот превод, заеднички јазик на европските земји

-

„Книжевниот превод, заеднички јазик на Европската унија“ е темата на годинешното 44. издание на Меѓународната средба на книжевни преведувачи, која традиционално се одржа во Лешочкиот манастир. Темата е инспирирана од програма за култура на Европската унија, во која е застапен и книжевниот превод, велат организаторите.

– Во годинешната културна програма на Европската унија е застапен и македонскиот јазик. Во основа, ќе бидат застапени сите јазици во културната програма на Европската унија. Лани таа програма беше доведена во прашање поради финансиски причини. Годинава таа програма претрпе измени и сега македонските писатели имаат можност да се афирмираат преку преведување на нивните дела, па и директно учество на меѓународни културни манифестации – изјави Стефан Симовски, претседател на советот на манифестацијата „Книжевни преведувачи“.

На манифестацијата учествуваа околу 40 книжевни преведувачи од Европа. Велат дека во современиот свет, значењето на преводот, односно на книжевните преведувачи, е големо и покрај развојот на современата технологија.

– Јазикот е домот на човекот. Луѓето можат да се разберат само со јазикот и да воспостават дијалог и мир во светот – изјави поетот Мехмет Кансу од Северен Кипар, кој на манифестацијата „Книжевни преведувачи“ учествува 13. пат.

Организаторите на манифестацијата се задоволни од посетеноста, особено од интересот на младите, кои со голема љубов учествуваат на оваа престижна меѓународна средба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...