fbpx

Манчевски: Дијаспората ќе гласа, нивното право на глас е загрозено само од Груевски

-

„Никола Груевски, колку и да сака да прикаже дека СДСМ е против гласањето на нашите луѓе од дијаспората, тоа едноставно не е точно. Најголем контраргумент е тоа дека дијаспората ќе гласа“, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Правото на глас на нашите сонародници единствено беше загрозено од Никола Груевски, кој сака на евтин начин, со само неколку стотини гласа, со амбасади претворени во штабови на ДПМНЕ, да добива пратеници. СДСМ не ја разбира дијаспората како средство за добивање гласови. Ние се залагаме за суштинско поврзување на нашите иселеници со матичната држава и затоа веднаш по смената на власта, ќе формираме Министерство за дијаспора – вели Манчевски.

Манчевски вели дека откако се почнати преговорите, немало ниту една пауза на барање на СДСМ, туку сите биле на барање на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Еве и денеска се среќаваме по неколку дена откако тие побараа време за внатрепартиски консултации. Денеска конечно се надеваме дека доволно внатрешно се консултирале и дека конечно нешто конструктивно ќе предложат. Тоа се однесува и во однос на прашањето на гласањето на дијаспората, без да навлегувам во многу детали, на самите преговори, на преговарачката маса беа неколку предлози и механизми кои целосно се во согласност со препораката на ОБСЕ/ОДИХР за изедначување на бројот на гласови потребни за избор на пратеник во Македонија и во странство. За нас сите се прифатливи, за ВМРО-ДПМНЕ ниту еден. Тоа е едно од прашањата, меѓутоа има и други прашања кои се надеваме дека денеска ќе бидат затворени. Не би навлегувал во детали затоа што знаете, честопати тоа што сме мислеле дека е договорено, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно го отварале така што не би сакал да прејудицирам – додаде Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...