fbpx

Мисајловски: Санирани 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско

-

„Санирани се 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско. Во акцијата координирано дејствувале механизацијата обезбедена од Општина Охрид, заедно со механизацијата што ја испрати Градот Скопје, како и приватни фирми“, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, при обиколка на поплавените подрачја во охридскиот регион.

– За само 12 часа можам да констатирам дека 95 отсто од штетите на критичните места веќе се надминати. Очекувам дека во текот на денот сите критични места ќе бидат поправени. Остануваме тука за да можеме веднаш да интервенираме доколку се влоши времето или има одрони – рече Мисајловски.

Досега евидентирани се 37 домаќинства чии имоти биле поплавени. Од локалната самоуправа изразуваат надеж дека оваа бројка нема да се зголеми, но не се исклучува можноста да има и нови пријави од граѓаните.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, појасни дека во акцијата се вклучиле сите расположливи човечки ресурси и механизација, а се работело и во текот на ноќта.

– Работевме на сите речни корита, на дренажните канали и одводи, на потегот околу улицата Железничка, која беше најзагрозена од поплавите. Се копаа и дополнителни одводи за да се повлече водата. Се работеше на речното корито на Коселска Река, на потегот од стариот пат Охрид – Струга, па сè до вливот во Охридското Езеро. Се работеше на каналот кај улицата Аџи Мустафа, поточно од „Гоце Делчев“ сè до поранешната Кланица и на сите други места каде во текот на овие два дена имавме поплави. Ископани се нови дренажни канали, но и нови одводи, така што можам да кажам дека се санирани последиците во најголем дел од поплавените подрачја – вели Бакрачески.

И по престанувањето на обилните врнежи од дожд, во текот на денешниот ден, механизацијата работеше на чистење на речните корита и канали во охридскиот регион. Освен густа вегетација, во камионите што го носеа отпадот можеа да се забележат и цели стабла од дрва, како и градежен шут.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...