fbpx

МАН: Никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на нивната работа

-

Македонската асоцијација на новинари најостро го осудува инцидентот во кој беа нападнати медиумите „Радио Слободна Македонија“ и „Република“ за време на синоќешниот собир.

„МАН апелира дека никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на својата работа. МАН смета дека никој не треба да прави вакви инциденти и да демолира простории на медиуми. МАН посочува дека разликите треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и на идеи, но тоа да не резултира со напади и со демолирање на медиуми, како и навреди, закани и со насилство врз претставниците на медиумите. МАН смета дека е ова резултат на агресивната политика за која се залага раководството на СДСМ. МАН бара надлежните најостро да ги казнат сторителите“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...