Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на фабрика на холандската компанија „Антхура интернационал БВ“, во Кочани.
Оваа компанија треба да инвестира повеќе од шест милиони евра и планирано е да се вработат 300 лица од кочанскиот регион. Станува збор за фабрика која ќе произведува орхидеи и украсни цвеќиња со најсовремена технологија, кои треба да бидат пласирани на странските пазари.
„Антхура МК“ почна да ја гради фабриката во декември пред две години, а од годинава произведува пробно и има 150 вработени лица.