Македонско друштво „Илинден“ од Тирана учествува на Националниот младински конгрес што се одржа денеска во Младински центар во Тирана.
По вторпат досега друштвото да учествува на Националниот младински конгрес, а присутни се и претставници на македонското етничко малцинство во Република Албанија.
– Во работата на Конгресот учествуваат педесетина младински организации од целата територија на земјата, ангажирани на различни полиња. Конгресот е можност да се запознаат подобро младинските организации кои работат во Албанија и да се зајакне нивната соработка – вели претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.
Конгресот се реализира со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“.