Девет македонски винарски визби своите вина ги претставуваат на интернационалниот саем за вино „Провајн“, што се одржува во германскиот град Дизелдорф до 16 март.
На македонскиот штанд се организираа и семинари и дегустации за виното „вранец“ водени од Дарел Џозеф, вински судија и промотор на вината од земјите на Југоисточна Европа.
„Провајн“ е меѓународен саем за вино и за алкохолни пијалаци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 земји од светот. Секоја година саемот го посетуваат околу 50.000 професионални посетители од целиот свет.
Учеството на македонските винарници на саемот го организираше здружението „Вина од Македонија“, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поддржа учеството со закуп на просторот и со уредување на штандот.