На 30 октомври ќе се одржи саем за студии во Франција

На саемот ќе се сретнат македонски средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак, да остварат универзитетска соработка

извор: Традиционален саем за студии во Франција

На 30 октомври во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи традиционалниот саем за студии во Франција. Настанот ќе биде отворен за посетители во 11 часот, а официјално ќе започне во 12 часот. Поздравни говори ќе одржат министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Сирил Бомгартнер кој е Амбасадор на Франција и Марко Ѓоргиевски, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – Еразмус+.

На саемот ќе се сретнат македонски средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак, да остварат универзитетска соработка.

Во текот на настанот се откриваат потребни информации за студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“.