fbpx

Македонскиот надворешен долг се искачи на 8,3 милијарди евра

-

На крајот на второто тримесечје од 2019 година бруто надворешниот долг на земјава изнесува 8,324 милијарди евра и забележа квартално зголемување од 74 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Бруто надворешните побарувања забележаа раст од 54 милиони евра и изнесуваат 5,65 милијарди евра.

Извор: НБРСМ

„Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 21 милион евра, со што на крајот на јуни 2019 година тој изнесува 2,67 милијради евра. Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во вториот квартал произлегува од зголемувањето на приватниот нетодолг за 77 милиони евра, во услови на намалување на јавниот нето-долг за 57 милиони евра“, информираат од Народната банка.

Извор: НБРСМ

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...