Македонската е-спорт федерација викендов ја организира Првата македонска е-спорт лига во Dota 2

Фото: Фејсбук страна на Македонска е-спорт федерација

Македонската е-спорт федерација овој викенд ќе ја оргнаизира Првата македонска е-спорт лига во играта Dota 2.

Отворените квалификации ќе се одржат в недела на 8 мај со почеток во 16:00 часот, а крајниот рок за пријавување на истите е в сабота на 7 мај исто во 16:00 часот.

„Пријавете го вашиот тим и натпреварувајте се за слот во Прва Македонска Еспорт Лига од каде што ќе биде селектирана најдобрата македонската репрезентација за 2022 година која ќе не претставува на Европското првенство. Осумте најдобри екипи од отворените квалификации ќе се натпреваруваат во регуларниот дел од лигата“, се вели во најавата на организаторите.

Сите заинтересирани може да се приајват со пополнување на оваа ФОРМА.