четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: е-спорт | 11 резултати

Македонската е-спорт федерација викендов ја организира Првата македонска е-спорт лига во Dota 2

мај 6, 2022

Македонската е-спорт федерација овој викенд ќе ја оргнаизира Првата македонска е-спорт лига во играта Dota 2. Отворените квалификации ќе се одржат в недела на 8 мај со почеток во 16:00 часот, а крајниот рок за пријавување на истите е в сабота на 7 мај исто во 16:00 часот. „Пријавете го вашиот тим и натпреварувајте се […]

Познати победниците на гејминг настанот „А1 Game Fest“

декември 12, 2021

Заврши големиот гејминг настан „A1 Game Fest“ што викендов се одржа во трговскиот центар East Gate Mall во Скопје. Настанот во организација на А1 Македонија и GG.mk вклучуваше натпревари во видео-игрите CS:GO, Dota 2, Tekken 7, FIFA22, како и Cosplay натпревар. Љубителите на гејмингот во петокот и саботата имаа можност да ги следат  натпреварите во […]

Започна меѓународниот турнир во Валорант „Мастерс Берлин“, ќе трае до 19 септември

септември 11, 2021

Во Берлин, главниот град на Германија, вчера започна вториот интернационален турнир во компјутерската игра „Валорант“, „Мастерс Берлин“, кој е дел серијата натпревари „Valorant Champions Tour – VCT“. Турнирот што го организира фирмата „Рајот Гејмс“, издавачот на „Валорант“, ќе трае до 19 септември. На турнирот настапуваат 15 тимови од целиот свет, кои претставуваат победници во борбите […]

Македонската Е-спорт репрезентација ќе се натпреварува на Светско првенство

октомври 6, 2020

На 31 октомври годинава започнува Светското првенство во е-спорт на кое ќе се натпреварува и македонската репрезентација, заедно со 60 други држави. Минатата недела се одигра првиот квалификациски турнир во Текен, во организација на Македонската Е-спорт Федерација. „Поради состојбата со ковид-19, турнирот беше лимитиран на 16 учесници и без посетители. Стефан Глигоров од Скопје беше […]

Украина го признава е-спортот како официјална спортска гранка

септември 10, 2020

Министерството за млади и спорт на Република Украина официјално го прогласи е-спортот, односно професионалниот гејминг, како легитимен вид спорт во земјата, пренесува Мета.мк. На 9 септември 2020 година министерството објави дека Комисијата за признавање видови спортови со мнозинство гласови донела одлука дека е-спортот односно „кибер-спортот станува официјален вид спорт во Украина.“ – Ние не може […]

Македонската е-спорт асоцијација најави онлајн турнир од први до петти јули

јуни 30, 2020

Македонската е-спорт асоцијација го организира вториот онлајн турнир оваа година во популарната видео игра “Counter Strike: Global Offensive”. Натпреварувањата започнуваат од 1 јули и ќе траат до 5 јули, со борба помеѓу најдобрите домашни тимови. Преносот на овој турнир ќе оди во живо на најпознатата платформа за стриминг на видео игри „Твич“. „Гејминг и еспорт […]

Македонската е-спорт екипа освои прво место во „League of Legends“ и второ место во „Counter Strike“

јуни 23, 2020

Македонската е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends“ и второ место во “Counter Strike: Global Offensive“ на европскиот куп на нации во е-спорт „StayHome European Nations Cup“. „Во League of Legends во финалниот меч ја совладавме репрезентацијата на Израел со резултат 3-1 во мечеви. Кантерџиите го заслужија второто место во овој шампионат во […]

Страна 1 од 1