„Мајкрософт“ поправи грешка од минатиот век

-

„Мајкрософт“ објави „крпеница“ (patch) која ја поправи грешката во пакетите „виндоус“ и „офис“ стари 19 години. Проблемот, кој датира од минатиот век, го открија експертите на „Ај-Би-Ем“ во мај годинава, но во тајност работеле со „Мајкрософт“ на негово решавање.

Како што соопшти „Ај-Би-Ем“, грешката е присутна во сите верзии на „виндоус““ издадени од 1995 година па сè досега, а таа им овозможувала на хакерите да користат далечинска контрола над нападнатиот компјутер.

„Мајкрософт“ го објави решението за проблемот во рамките на редовниот месечен безбедносен пакет.

Ноемвриското издание има 14 „крпенки“, а две ќе бидат дополнително лансирани. Компанијата ги повика своите корисници што побргу да ги инсталираат новите „крпенки“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НАТО не препорачува и не подготвува војна, Русија е таа која изврши воена инвазија врз Украина

НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија,...