fbpx

Дезинформација е дека „Нептун“ продава Самсунг телевизори за 123 денари

Вистиномер ги пребара архивите на Управниот суд, Кривичниот суд и Граѓанскиот суд и во нив нема предмет против Нептун, ниту каква било царинска заплена. Станува збор за дезинформација.

-

Постот дезинформира дека поради царинска грешка има наводна наградна игра во која „најсреќните“ ќе добијат Самсунг телевизор за 123 денари. Корисниците на  социјалните мрежи треба да бидат внимателни бидејќи се наведуваат да ги остави своите банкарски податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени за секаков вид на понатамошни измами. Страницата на Фејсбук од која се споделува лажната промоција не е официјалната страница на Нептун, која е етаблирана, веродостојна и  ја следат над 333 илјади луѓе, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој невистинито се тврди:

Царинска грешка! Нептун продава Самсунг телевизори за 123 денари само во Македонија! Количината е ограничена.

Во склоп на невистинитиот пост, поставен е надворешен линк кој води до веб-страница, во која е фабрикувана невистинита изјава за која лажно се тврди дека ја дал „претставник на Нептун на суд“. Според таа лажна изјава која се атрибуира на „Нептун“ – истите „изјавиле“ дека „подобро ќе им ја дадат стоката на нивните клиенти отколку да се откажат од неа“. Потоа лажно се додава дека „судот одлучил да ја продаде запленетата техника на царината за максимум 300 денари“ и дека „благодарение на ова сега можете да добиете Самсунг телевизор за само 123 денари“.

Вистиномер ги пребара архивите на Управниот суд, Кривичниот суд и Граѓанскиот суд и во нив нема предмет против Нептун, ниту каква било царинска заплена. Станува збор за дезинформација.

Целиот систем за „добивање“ на телевизорот за 123 денари бара од корисниците на Фејсбук прво да одговорат на краток квиз со прашањата: „Имате ли телевизор“, „Дали сте купиле нешто од Нептун“ и „Дали имате 18 години“. По одговарањето на овие прашања, корисникот лажно е информиран дека е добитник на телевизорот, по што е упатен на полиња во кои се бара да остави негови лични податоци, како име и презиме, адреса, телефон, град, но и целосни податоци од неговата банкарска сметка, односно бројот на платежната картичка. Ова, несомнено  е измама, односно преку невистинито ветување дека ќе добие награда – телевизор за 123 денари, тој се наведува да ги остави своите банкарски податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени за секаков вид на понатамошни измами.

Самата приказна дека настанала „царинска грешка“ по што телевизорите од Нептун се продаваат за 123 денари е фиктивна, односно царината во случаите кога запленува роба (што во конкретниот пример не се случило), ја  одзема истата и не му се дава на увозникот опција да бира што ќе прави со запленетата стока. Приказната во постот е измислена и невистинита.

Страницата на Фејсбук од која се споделува лажната промоција не е официјалната страница на Нептун, која е етаблирана, веродостојна и  ја следат над 333 илјади луѓе. Доколку оваа наградна игра беше вистинита, тогаш таа ќе беше споделена од официјалната Фејсбук страница на Нептун, а не од страница „Учествувајте“ којашто е сомнителна, неетаблирана и не се знае кој стои зад неа.

Доколку корисниците на социјалните мрежи наидат на промоции кои изгледаат нереално односно имаат нереално ниски цени, тоа треба да претставува аларм за нив. Дополнително треба да го проверуваат и изворот на промоцијата.

Дополнително, црвениот аларм за лажни наградни игри треба да го вклучи секоја „наградна игра“ којашто како услов за добивање на наградата од корисниците бара доставување на лични податоци, особено од финансиска природа, како што е во случајот каде се бара да ги оставите сите податоци од платежната картичка.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...