fbpx

Лидл купи земјиште за изградба на логистички центар во Куманово

Германскиот трговски гигант Лидл го најави својот влез во земјава уште во април 2021 година. Менаџментот на оваа компанија оствари средба со тогашниот премиер Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов

-

Германската трговска компанија Лидл вчера во Куманово купи земјиште со површина од 170.996 метри квадратни по цена од околу 5,3 милиони евра, информираат од Општина Куманово. Лидл во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре ќе гради логистички центар.

Кумановските општински власти соопштија дека Лидл вчера учествувал во постапката за отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре, на локациите Новине и Речица во Општина Куманово.

„На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1.906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха), и истата изнесува 325.920.015,00 денари (~5,3 мил. Еур)“, стои во соопштението на Општина Куманово.

Локалните власти појаснуваат дека во наредниот период ќе следи завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна.

Инаку, германскиот трговски гигант Лидл го најави својот влез во земјава уште во април 2021 година. Менаџментот на оваа компанија оствари средба со тогашниот премиер Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов.

„Лидл“ ќе гради маркети во земјава, средба на менаџментот со премиерот Заев

Германскиот трговски синџир „Лидл“ во февруари 2022 година ја регистрираше и својата компанија во Македонија, која што беше најавено дека ќе биде управувана од бугарската филијала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...