фото: Влада на РСМ
фото: Влада на РСМ

За новата инвестиција во Северна Македонија на трговскиот синџир „Лидл“ денеска на средба разговараа премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, со менаџментот на оваа германска компанија.

Компанијата е веќе регистрирана во државава, и според Заев, оваа инвестиција ќе значи зголемување на понудата и нови вработувања.

Над 200 германски инвеститори веќе вработуваат повеќе од 28.000 лица во нашата земја.

Милена Драгијска, извршен директор на „Лидл“ – Бугарија ќе ја има истата функција и во „Лидл“-Северна Македонија, а во однос на стратегијата за експанзија, на средбата беше истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава, ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ.