Лице од Мешеишта доби кривична пријава за загрозување на сигурноста на британската амбасадорка

-

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО).

„Осомничениот, на 14 април, се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина: ‘Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата’. По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот. Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред сè ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...