fbpx

Ковачевски: Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење

-

„Актуелната Влада си постави и останува на јасната цел – да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри што прифатија да бидат дел од тимот кој заеднички се стреми да им служи на интересите на сите граѓани, без исклучок“, рече премиерот Ковачевски во обраќањето на тематската седница посветена на остварувањата и достигнувањата на Владата и министерствата во првите 100 дена од работењето.

Ковачевски соопшти и дека со оваа седница, како и со настаните кои ќе се случуваат во наредниот период, тој, вицепремиерите и министрите, ќе ги сублимираат и презентираат досегашните обемни остварувања.

Ковачевски посочи дека овој состав на Владата јасно ги дефинираше приоритетите за работа и креираше програма која е надградена, врз основа на изборниот легитимитет којшто е добиен на изборите 2020 година, со тоа што се вградени и програмските определби на новиот коалиционен партнер Алтернатива.

„Клучен, прв приоритет е справување со енергетската криза во државата, којашто е пред сѐ европска енергетска криза и која се чувствува и кај нас, а која доби дополнителни загрижувачки димензии со војната во Украина. Самата воена агресија пак, нѐ исправи пред историски предизвик, како земја членка на НАТО, заедно со нашите сојузници, бескомпромисно да одговориме на овој антицивилизациски чин како што е бруталното кршење на меѓународното право и на сите конвенции за мир и безбедност“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.

Ковачевски рече дека меѓу приоритетите на Владата беа и исполнувањето на целите во однос на големите инфраструктурни проекти, како и евро-интеграциите како наша стратешка цел.

Следниот приоритет, истакна Ковачевски, е заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во светло на економската криза која произлегува од енергетската и воената криза.

Во експозето по повод првите 100 дена од работата на Владата на тематската седница, премиерот Ковачевски се осврна и на најважните остварувања во ресорите на вицепремиерите и на сите министерства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...