Лесли Милер: Во РСМ има образовна криза, слабите резултати се итен повик за акција

Треба да разбереме зошто имаме образовна криза. Прво, се работи за недоволно време минато во учење. Учениците во основно образование на возраст од 14 години имаат речиси 900 часа помалку настава од просекот на учениците во земјите на ОЕЦД, вели Милер

-

Почетокот на новата учебна година е совршен момент да размислиме за состојбата на нашиот образовен систем и за итната потреба да одговориме на тековната криза со учењето. Со оглед на слабите резултати на последното ПИСА тестирање (75 отсто од 15 годишните ученици во земјата имаат ниски резултати по читање, а 66 отсто покажуваат ниски резултати по математика и природни науки), не е новост дека земјата минува низ образовна криза. Овие бројки се итен повик за акција, оценува Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ во РСМ, на денешниот настан на тема: „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“.

„Треба да разбереме зошто имаме образовна криза. Прво, се работи за недоволно време минато во учење. Учениците во основно образование на возраст од 14 години имаат речиси 900 часа помалку настава од просекот на учениците во земјите на ОЕЦД. Втор фактор е бројот на наставници и како тие се распределени, односно бројот на наставници и понатаму расте и во просек наставниците работат со помал број ученици. Во изминатите две децении просечниот број ученици се намали од 18 на помалку од 10 ученици по наставник, што е значително под просекот на ОЕЦД. Трет фактор се расположивите ресурси за квалитетно учење – инвестициите во образованието несразмерно се трошат на плати, при што останува малку за покривање на трошоците наменети за квалитетно и инклузивно образование“, вели Милер.

Според неа, ситуацијата налага да се преиспита начинот на кој се користат ресурсите.

„Постои потреба од преиспитување во три критични области – училишната инфраструктура. За да може секое дете да посвети доволен број часови на учење во една смена, треба да се продолжи училишниот ден што може да бара проширување на некои училишни објекти. На секој ученик да му се овозможи пристап до исто ниво на можности за учење кои доаѓаат со воннаставните активности, пристап до нови технологии и опрема и интеракција со поширока група врсници. Второ, човечки ресурси. За да се усогласи наставничкиот кадар со сегашните и идните потреби, треба да се спроведе детална анализа на структурата на постоечката работна сила“, смета Милер.

Според неа, важно е и финансирањето на образованието.

„Во нашите консултации, училиштата и општините истакнаа дека сегашниот метод на доделување средства за основно образование не е одржлив. Треба да ја подобриме распределбата на ограничените ресурси за сите основни училишта да обезбедат правично образование според националните образовни и инфраструктурни стандарди и прописи“, додава таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...