fbpx

Ле Пен: Германија регрутира робови

-

Лидерката на француската партија Национален фронт, Марин ле Пен, остро ја критикуваше Германија поради нејзиниот потег во врска со бегалската криза. Таа ги обвини властите во Берлин дека регрутираат „робови“, реферирајќи на фактот дека на германскиот пазар на трудот недостигаат луѓе и оти германските индустрии веќе имаат планови за бегалците.

– Германија веројатно смета дека нејзината популација умира и сега веројатно гледа како да ги намали платите и да продолжи да регрутира робови преку масовната имиграција – рече Ле Пен за време на вчерашниот говор во Марсеј, отфрлајќи ја идејата дека единствениот мотив зад германското масовно примање бегалци е чистата добронамерност.

Ле Пен рече дека европските политичари ги експлоатираат овие кутри луѓе кои го минуваат Средоземно Море.

– Искористувајќи ја смртта и несреќата на овие преминувања, кои ги организира мафијата, покажувајќи слики од мртви деца, без какво било достоинство, само ја префрлуваат вината на европската совест и ги тераат луѓето да ја прифатат актуелната ситуација – рече Ле Пен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...