Лажна е заканата за поставена бомба во охридското училиште „Св. Наум Охридски“

OЕМУЦ ''Св. Наум Охридски" - Охрид | Фото: Фејсбук страна на училиштето

Дојавата за поставена бомба во училиштето „Св. Наум Охридски“ во Охрид е лажна информираат во Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека ги направиле сите потребни проверки.

„На електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, наведено е во соопштението на МВР.

Дојавата стасала утрово на електронската адреса на училиштето. Вработените и учениците биле веднаш евакуирани. Ова е прв пат дојава да добие објект во Охрид. Вчера прв пат дојави стасаа и во училишта во Прилеп. Вчераутро, дојави стасаа и во училишта во Скопје, Тетово и во Битола.

Првата дојава стаса на електронски адреси на пет скопски гимназии пред точно два месеци. Пред повеќе од една недела министерот Оливер Спасовски кажа дека во моментов нема индиции за нарушување на безбедносната состојба.