fbpx
Таг: лажна дојава

таг: лажна дојава

Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

Од оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби. Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, пишува „Вистиномер“...

Дојави за бомби во 18 основни и средни училишта, проверките се во тек

Дојави за поставени бомби на електронските адреси денес добија 18 основни и средни скопски училишта. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека според процедурите, основните и средните училишта веднаш се евакуирани и се чекаат антитерористичките единици да извршат проверки. Вчера лажните дојави за бомби испразнија  12 средни училишта. Но, беа регистрирани лажни дојави за поставени бомби и во инстиутуции и...

Кривична пријава за тетовец оти лажно дојавил дека има бомби во Делчево

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (63) од Тетово за сторено кривично дело „тероризам. Тетовецот пред 10 дена од својот мобилен телефон се јавил во полициската станица во Делчево, при...

Лажна е заканата за поставена бомба во охридското училиште „Св. Наум Охридски“

Дојавата за поставена бомба во училиштето „Св. Наум Охридски“ во Охрид е лажна информираат во Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека ги направиле сите потребни проверки. „На електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички...

Повторно дојави за бомби во Скопје, денеска на мета се и училишта во Куманово

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во училишта во Скопје и Куманово, потврди Министерството за внатрешни работи. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР. Меѓу училиштата во кои се врши евакуација се и основните училишта...

Дујовски за „Телма“: Заканите со бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија

Заканите за поставени бомби кои треба да создадат страв и паника кај граѓаните и недоверба во државните институции, не доаѓаат од ученици, туку се дел од глобалната хибридна војна на Русија против членките на НАТО, вели проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во изјава за „Телма“. „Овие хибридни закани се дел од хибридната војна која Русија ја води...

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во вкупно девет училишта

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира попладнево Министерството за внатрешни работи. Утрово, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје...

Шеста дојава за бомба во четири средни училишта

Во СВР Скопје денеска околу 09.30 часот, е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, а подоцна околу 10 часот е пријавено дека иста пријава стасала и до уште две други училишта, информира преку соопштение Министерството за внатрешно работи. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки...

Поради 130 лажни дојави за бомби, евакурани 100.000 жители на Москва

Во Москва денеска се создала огромна загриженост откако поради вкупно 130 дојави за подметнати бомби, биле евакуирани околу 100.000 луѓе од четирите московски аеродроми, од 15 трговски центри, повеќе од 20 училишта, пет железнички станици, неколку хотели и други објекти. Истрагите потоа утврдиле дека дојавите се лажни, односно не биле подметнати бомби. - Од почетот на денот, безбедносните служби добија повеќе од 130...

Лажна дојава за поставена бомба во автомобил во Струга

Полициската станица во Струга утрово во 9.30 часот добила пријава дека во автомобил, марка „нисан примера“, со бугарски национални ознаки била поставена експлозивна направа. По интервенцијата на полициските тимови за анти-тероризам било утврдено дека станува збор за лажна пријава. - По добиената информација, полициски екипи ги презедоа сите безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде беше паркирано патничкото возило,...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...