Кривични пријави за двајца скопјани за производство и за продавање дрога

-

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, во два одделни случаи поднесе кривична пријава против И.С. (25) и Б.И. (24), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомневање дека неовластено произведувале и пуштале во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

За сторените кривични дела, информира МВР, од страна на судија на претходна постапка, на двајцата пријавени им е одреден притвор во траење од 30 дена.

– Во првиот случај, пријавениот И.С. во текот на декември минатата година, од засега непознати лица, набавил поголемо количество марихуана и амфетамини, кои во текот на минатиот месец во својот дом во населбата Ѓорче Петров ги препакувал во помали пакување со намера да ги продава на уживатели од Скопје. По добиеното и потврдено сознание дека пријавениот препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, од страна на полициски службеници од единицата за недозволена трговија, со наредба од судија на претходна постапка, е извршен претрес во домот и во другите простории на пријавениот. При извршениот претрес биле пронајдени и одземени еден килограм и 199 грама марихуана, спакувана во едно полиетиленско кесе, 18,23 грама амфетамини, спакувана во едно полиетиленско кесе, и една дигитална вага на која биле детектирани траги од марихуана, кокаин и од амфетамини – соопшти МВР.

Во вториот случај, поради постоење основан сомнеж за извршено разбојништво, полициски службеници од одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар – Бит Пазар, постапувајќи по наредба од судија на претходна постапка, извршиле претрес во домот на пријавениот Б.И., при што биле пронајдени и одземени три полиетиленски кесиња во кои имало спакувано вкупно 408 грама наркотична дрога марихуана. Со него бил извршен разговор од полициски службеници од единицата за недозволена трговија со дрога, при што делумно појаснил од каде ја набавил дрогата и кому планирал да ја продаде.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...