fbpx

Кривична пријава за поранешен директор на ХЕС ,,Шпилје“ од Дебар

-

Поради постоење основан сомнеж за несовесно работење во службата, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Љ.А. (67) од Дебар, поранешен директор на ХЕС „Шпилје“. Во пријавата, во врска со казненото дело затајување, опфатени се и лицата М.С. (70) и Ф.К. (57), поранешен и сегашен магационер во хидроцентралата, двајцата од Дебар.

Првопријавениот Љ.А. иако знаел дека со пописот од 31 декември 2008 година, по книговодствената вредност бил констатиран кусок на материјали во износ од 206.049 денари, а се однесува за 5.834 метри квалитетен електрокабел, не презел дејства за откривање на одговорните лица-сторители на кусокот. Напротив, тој дозволил пописната комисија да бара од Централната пописна комисија кусокот да се расходува и отпишува од евиденција што било одбиено од Централната пописна комисија на ниво на АД ЕЛЕМ – Скопје.

Второпријавениот М.С., како магационер до 2008 година, и третопријавениот Ф.К., како сегашен магационер, иако знаеле дека во магацинот утврден е кусок на електроматериjали од страна на пописната комисија, сепак двајцата не извршиле примо-предавање на материјалите со реален попис, туку кусокот бил прикриен и пренесен и во наредните години, давајќи им ги на пописните комисии старите пописни листи од кои тие само препишувале состојби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наместо олеснување, заострување на кредитните услови и раст на каматите, што очекуваат банкарите?

Каматата за новите кредити се „спушти“ по 5%. Вкупните кредити на месечно ниво поевтинуваат, но на годишно ниво каматите растат. Иако банкарите најавија олеснување на условите за кредитирање –...