fbpx

Крадците прават поголема штета од вредноста на пленот од црквите

-

Група од Кочани се специјализирала за кражби по црквите и за три месеци сторила 14 кражби. Полицијата ги откри, меѓутоа, свештениците од Брегалничката епархија се сомневаат дека продолжиле со „бизнисот“ бидејќи пред два дена, на ист начин како и претходните цркви, бил ограбен храмот „Свети Климент“ во Штип.

Биле украдени околу 6.000 денари кои останале во касата. Црквата е осветлена, поставени се и безбедносни камери, но тоа не ги спречило крадците да влезат. Ова е втора кражба во еден месец во Штипско.

Протајерејот Николче Ѓорѓев вели дека поголема штета е направена при влегувањето на крадците во црквите.

– При претпоследната кражба во црквата во селото Крупиште, крадците однеле 300 денари, но направија штета од 6.000 денари. Со завчерашната кражба штетата на црквата е 15.000 денари – изјави Ѓорѓев.

Црквите во источниот регион се постојана мета на крадци, кои влегуваат поради парите од верниците. Кражбите не престануваат и покрај тоа што речсиси во сите поголеми цркви Брегалничката епарија постави безбедносни камери, а некаде има и чуварска служба.

Како превентива, свештениците се должни секојдневно да ги внесуваат парите во банка, што треба да ги поколеба крадците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...