fbpx

СПЦ, сепак, ќе може да се регистрира во Црна Гора под своето име

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Црногорскиот сервис за борба против дезинформациите и за проверка на фактите, raskrinkavanje.me пронајде мешавина на факти и неточни податоци во еден текст на веб-страницата на српскиот весник „Блиц“, кој се однесува на Српската православна црква (СПЦ), во фонот на неодамна усвоениот закон за слобода на вероисповеста, кој ја става црквата во посебна положба.

Текстот што е анализиран од raskrinkavanje.me е објавен на 8 јануари под насловот „Спорниот закон за слободата на вероисповеста што предизвика бура ДЕНЕСКА СТАПУВА НА СИЛА: Што ги чека СРПСКИТЕ СВЕТИЊИ во Црна Гора“.

Во текстот „Блиц“ тврди дека СПЦ, според новиот Закон за слободата на вероисповеста или уверувањата и правната положба за верските заедници нема да може да се регистрира под тоа име „ а нејасно е дали ќе може воопшто да се регистрира, со оглед на тоа дека би морала да достави податоци за својот основач, што не постојат“.

Црногорскиот сервис за борба против дезинформациите побарал мислење од Министерството за човекови и малцински права дали тврдењата на „Блиц“ се точни и како се регистрира верска заедница според новиот закон.

Од министерството одговориле дека тоа не е точно.

„Не постои ниту една одредба во законот што забранува на која било верска заедница во Црна Гора да се регистрира под своето име, па ни на Српската православна црква. Единственото ограничување е што називот на верската заедница мора да се разликува од називот на другите верски заедници во степен што овозможува да се избегне забуна или грешка во идентификацијата поради сличностите со називот на друга регистрирана заедница. Не постои законска обврска верската заедница да се регистрира“, одговориле од министерството, појаснувајќи дека процедурата на регистрација е како и за секое правно лице според важечките црногорски закони.

„Процедурата на регистрација подразбира надлежниот државн орган, во овој случај Министерството за човекови и малцински права да ги евидентира податоците за името, седиштето, адресата и застапникот на верската заедница. Српската православна црква, доколку сака да се пријави за регистрација, нема да има обврска да доставува одлука за основање, бидејќи одлука за основање, според законот, треба да достават само новооснованите верски заедници“, се вели во објаснувањето од министерството испратено до raskrinkavanje.me.

Според сето ова, заклучува црногорскиот сервис за борба против дезинформациите, текстот на „Блиц“ содржи низа точни и неточни факти и, според тоа, е дезинформација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...