fbpx

Концерти за роденденот на Тоше во Крушево, Охрид и во Белград

-

В недела, на денот на роденденот на Тоше Проески, ќе се одржи културно-уметничка програма во Спомен-куќата во Крушево. Концерт ќе се одржи и во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“, на кој ќе настапи хорот при охридската гимназија. Влезницата за концертот ќе чини 100 денари, а средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со попреченост „Зраци“.

Во Белград, в недела ќе се одржи концерт на сплавот „Таг“ со „Бајка бенд“, Тијана Дапчевиќ и со Тамара Тодевска, а парите од тој концерт ќе се донираат на Националното здружение на родители на деца заболени од рак НУРДОР.
Утре, преку ден, на Студентски трг, ќе се одржи крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиологија на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...