Редовниот 22. конгрес на СДСМ, за кој вчеравечер информираше партијата известувајќи дека е одржана седница на централниот одбор, ќе се одржи на 27 мај, објаснија од СДСМ за „Мета“. Во вчерашното соопштение беше само наведено дека е утврден датумот, но тој не беше наведен.
Од СДСМ, сепак, не сакаа да откријат повеќе детали за содржината на конгресот и за тоа каде ќе се одржи.
– Сепак, да ги оставиме тие работи за подоцна, ќе ја информираме јавноста кога ќе дојде време – ни изјавија од СДСМ.