fbpx

Конгресен центар „Александар Македонски“: „Универзална сала“ се вика „Тоше Проески“

-

Советничката група на СДСМ и на коалицијата Сојуз за иднината во Град Скопје, за претстојната седница на Советот, поднесе иницијатива за промена на името на „Универзална сала“ во Конгресен центар „Тоше Проески“.

– Очекуваме градоначалникот Коце Трајановски и мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат иницијативата и да ја поправат сопствената грешка кога на нетранспарентен начин и спротивно на претходно донесената одлука на Советот и на ветувањата дека салата ќе се вика „Тоше Проески“, сепак дадоа согласност да се именува „Александар Македонски“ – рече на денешната прес-конференција Ѓорѓе Матевски, советник во Советот на Град Скопје.

Со реакција се јавија и од Конгресниот центар „Александар Македонски“, во која се вели дека во согласност со Одлуката на Советот на Град Скопје, а на предлог на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, „Универзална сала“ во Скопје е преименувана во Универзална сала „Тоше Проески“.
Новата зграда што ќе се гради на местото на сегашната „Универзална сала“, според проектот, е мултифункционален објект што ќе содржи повеќе сали и истиот објект ќе го носи името Конгресен центар „Александар Македонски“.
Сакаме да нагласиме дека универзалната сала што ќе биде дел од тој Конгресен центар ќе го задржи името Универзална сала „Тоше Проески“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...