fbpx

Кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори

-

Kандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија и Градот Скопје го потпишаа кодексот за фер и демократски избори, по повод изборната кампања за локалните избори која ќе почне утре.

Со потпишувањето на кодексот, кандидатите се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и во државната администрација, во други институции или установи, финансирани од буџетот на државата, буџетите на општините и на Град Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, не им посака среќа на другите кандидати, бидејќи како што кажа, се надева дека граѓаните ќе одлучат да направат промена.

– Се надевам дека тоа што му се случуваше на Скопје и на другите општини повеќе никогаш нема да се повтори – рече Шилегов.

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, кој се кандидира за втор мандат, на сите кандидати им посака среќа и успех, повика на фер и демократски избори и им порача да водат фер кампања.

– Имајќи предвид како почна новата влада, ќе треба многу да се направи за овие избори да бидат фер и слободни – рече Трајановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...