fbpx

Камерон го одржа последниот состанок со Кабинетот

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска за последен пат претседаваше со составот на Кабинетот, еден ден пред да ѝ ја предаде функцијата на досегашната министерка за внатрешни работи, Тереза Меј.

Министрите се собраа на последниот проштален состанок, откако беше потврдено дека Меј доаѓа на чело на владејачката пратија, а со тоа го наследува и Камерон на чело на владата.

Истовремено, камион за селење пристигна на Дауинг стрит, од каде Камерон утре ќе се исели.

Министерот за култура, Џон Витингдејл, рече дека состанокот минал тажно, а Меј и министерот за финансии, Џорџ Озборн, му оддале признание на Камерон.

Камерон, кој се залагаше за останување во ЕУ, поднесе оставка откако Британците на 23 јуни се изјаснија за излез од Унијата.
Новата премиерка ќе мора да се соочи со политичките последици од одлуката на Британците и да го надгледува сложениот процес на излегување од ЕУ.

Меј денеска ќе го разгледува составот на својот Кабинет, пред да се пресели на Даунинг стрит број 10. Во меѓувреме, британските медиуми се фокусираат на прашањето дали Озборн ќе остане министер за финансии. Дел од нив тврдат дека Меј ќе го остави на истата позиција затоа што тој ужива голема доверба кај банките и на пазарот. Сепак, другите медиуми тврдат дека на оваа важна позиција треба да му припадне на некој кој се залагал за излез од ЕУ.

Меј се залагаше за останување во ЕУ, но вети дека на истакнатите борци за излез на Британија од ЕУ ќе им ги додели клучните улоги во Кабинетот. Со ваквиот чекор таа ќе се обиде да стави крај на раздорот во партијата поради Европа.

Меј веќе е под притисок на 27 членки на ЕУ да го активира член 50 од Лисабонскиот договор, со кој почнуваат формалните преговори за излез. Сепак, таа сè уште нема соопштено кога планира да го направи тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...