fbpx

Јужна Кореја: Капетанот на потонатиот траект, осуден на 36 години затвор

-

Капетанот на потонатиот јужнокорејски траект, во кој починаа повеќе од 300 патници, е осуден на 36 години затвор поради небрежност, но е ослободен е обвинението за убиство, за кое обвинителството побара смртна казна.

Главниот инженер на траектот е осуден на 30 години затвор за убиство бидејќи не им помогнал на двајцата повредени членови на екипажот.

Снимката на која се гледа дека членовите на екипажот го напуштаат траектот по давањето инструкции на патниците, повеќето тинејџери, да останат во своите кабини, предизвика бес на јужнокорејската јавност, која бараше најстроги казни.

Судот пресуди дека 13 преживеани членови на екипажот се виновни по различни точки од обвинението, вклучувајќи и небрежност, поради што се осудени на казни од пет до 20 години затвор.

Од вкупно 476 патници и членови на екипажот, само 172 се спасени од траектот кој потона на 16 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...