Јанева најави прес-конференција за утре во 13.30 часот

-

Специјалното јавно обвинителство утре, во 13.30 часот, ќе одржи прес-конференција, соопштија денеска од СЈО. Во дописот од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конфренецијата, но извесно е дека ќе стане збор за актуелните случувања во земјава, во кои една од најзасегнатите страни е СЈО.

Специјалното јавно обвинителство  прес-конференцијата на својот твитер-профил ја најави со зборовите: „Ние работиме. Утре прес-конференција во 13.30 часот“.

Прес-конференцијата доаѓа по вчерашната одлука на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција на сите политичари и нивни соработници против кои се води кривична постапка.

Најголем дел од аболираните се лица против кои СЈО води предистражни постапки, а за дел се отворени и истражни постапки. Меѓу аболираните се и имињата на тројцата обвинители на СЈО, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски.

Од Специјалното јавно обвинителство вчера за „Мета“ рекоа дека чекаат да ја добијат интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по што ќе излезат со официјален став.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН објави конкурси за стипендии за постдипломски и докторски студии во државата

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година. Вкупно 50...