fbpx

Израелските сили започнаа голема воена операција во Џенин на Западниот Брег

Видеата доставени до Си-Ен-Ен од градот Џенин покажуваат како израелски булдожери рушат инфраструктура за да разоружаат потенцијални експлозиви, како и присуство на израелски тенкови надвор од границите на градот

-

Израелските сили ја лансираа најголемата операција во изминативе 20 години во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, пренесува Си-ен-ен.

Според палестинските власти, при оваа акција на израелските сили загинале најмалку 10 лица, а биле повредени уште околу 100 други лица. Стотици палестински семејства ја напуштија оваа област по нападот.

Заменик-градоначалникот на Џенин, Мохамед Џарар изјави дека се уништени домови и инфраструктура, поради што е исклучена струјата и водата во бегалскиот камп.

Духа Туркман, 16-годишен жител на Џенин, рече дека добиле два часа да се евакуираат од градот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение рекоа дека започнале тековни „обемни антитерористички напори во областа на градот Џенин и кампот Џенин“, нанесувајќи удар на „терористичката инфраструктура“.

ИДФ извршил околу 10 воздушни напади користејќи дронови, а стотици војници таргетираа, како што пренесуваат, центар за „команда и контрола“ на војниците, како и локации за производство на оружје и експлозиви.

Видеата доставени до Си-Ен-Ен од градот Џенин покажуваат како израелски булдожери рушат инфраструктура за да разоружаат потенцијални експлозиви, како и присуство на израелски тенкови надвор од границите на градот. Граѓаните изјавиле дека слушнале пукотници, а на видеото се гледа како ранети Палестинци се евакуирани во државната болница во Џенин.

ИзворCNN

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...